Нелојалната конкуренција, откупот на градежното земјиште, зголемувањето на конкурентноста, начинот на кој се финансираат малите и средни претпријатија, начинот на доделување на концесии, како и подобрување на царинското работење и забрзување на судските постапки се главните забелешки на 150 македонски компании доставени до владиниот Кабинет со кој раководи вицепремиерот задолжен за економски прашања. Според Пешевски овие мерки се преземени за да се зајакнат контактите со деловната заедница во речиси сите производствени компании, сите индустриски дејности (металуршката, металопреработувачката, прехранбената, текстилната, фармацевтската, дрвната) но и во трговијата, угостителството и туризмот. Со контактите опфатени се компании од сите градови, но и од различни големини - мали, средни и големи.
Нелојалната конкуренција, откупот на градежното земјиште, зголемувањето на конкурентноста, начинот на кој се финансираат малите и средни претпријатија, начинот на доделување на концесии, како и подобрување на царинското работење и забрзување на судските постапки се главните забелешки на 150 македонски компании доставени до владиниот Кабинет со кој раководи вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.
Според Пешевски овие мерки се преземени за да се зајакнат контактите со деловната заедница во речиси сите производствени компании, сите индустриски дејности (металуршката, металопреработувачката, прехранбената, текстилната, фармацевтската, дрвната) но и во трговијата, угостителството и туризмот. Со контактите опфатени се компании од сите градови, но и од различни големини - мали, средни и големи.
- За оваа цел беа формирани три тима во кои учествуваа и претставници и повеќе министерства и Агенцијата за катастар на недвижности. Компаниите излегоа со околу 400 барања од кои 55 проценти се прифатени и предложени во Владата. Околу 25 проценти од предлозите се одбиени, бидејќи се неприменливи и спротивни со законите - објаснува Пешевски. Според вицепремиерот добар дел од компаниите забележуваат дека поради нелојалната конкуренција одрдени учесници на пазарот не ги почитуваат стандардите за квалитет.
Тој укажува дека компаниите реагираат и околу откупот на градежно земјиште, особено за нивната нерамноправна положба, но и дека треба постапката да се забрза. Компаниите исто бараат владини мерки за стимулација коишто ќе овозможат полесно да се зголеми конкурентноста на домашните компании на странските пазари. Тие забележуваа и на начинот до кој доаѓаат за финансирање на својот бизнис, сметајќи дека треба да има поголема конкурентност на финансискиот пазар.
Во делот на подобрување на царинското работење фирмите очекуваат намалување на одредени царински стапки, но и бараат 24-часовно работење на одредени гранични премини. За нив неопходно е зајакнување на судската ефикасност, но и скратување на времетраењето на судските постапки.
Според Пешевски значително се намалени и казните за компаниите, а за прекршоците од незначителна важност фирмите добија само опомени и соодветна едукација.
- Единствено зголемување има кај оние прекршоци со кои се предизвикуваат штетни последици по здравјето на животот на луѓето и животната средина-укажува Пешевски. Тој појаснува дека за оваа цел опфатени биле околу 160 закони од кои 43 се целосно усогласени со мерките на казнената политика. На владини комисии се околу 28 закони коишто наскоро ќе бидат на владина седница, а 31 закон се усогласени со други закони, заради роковите со ЕУ. На околу 50 закони им е неопходна доработка.
- Висината на казните е намалена од 30 до 50 проценти, а некаде дури 60 процент, нагласува Пешевски и додава дека во Законот за работни односи, за трговија, за угостителска дејност, за ѓубрива и за ДДВ, намалувањето на глобите е за околу 50 проценти, потенцира Пешевски. Според него од 30 до 40 проценти глобите се намалени кај законите од областа на трудот.
Пешевски исто така најави поинтензивна контрола на угостителските објекти кои не го почитуваат Законот за пушење, но и другите закони кои тие свесно ги кршат.
- Ако некој отворено се одлучил да не го почитува Законот тој треба да биде и казнет - дециден е Пешевски.